среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 55

Пет знаци дека навистина му се допаѓате

mazi

Последни вести

Невербалната комуникација често говори повеќе од илјада зборови, посебно ако некому му се допаѓате, а тоа можете да го дознаете врз основа на неговото држење и кренатите веѓи. Мажите се програмирани, со ситни знаци да ви покажат колку им се допаѓате. Значи невербалната комуникација секако е нешто на што би требало да обрнете внимание.

Доколку му се допаѓате, неговото тело би требало вака да реагира на вас:

Кренати веѓи

Кога ќе забележат некој интересен за нив, кај мажите несвесно се креваат и се спуштаат веѓите. Тој мал, речиси неприметлив потег открива многу. Имено, доколку му се допаѓате, неговите веѓи ќе се кренат, а сето тоа ќе трае неколку секунди.

Отворена уста

Ако му се допаѓа она што го гледа, неговите усни автоматски ќе се отворат во моментот кога ќе ви се сретнат погледите.

Раширени ноздри
Ова е уште еден знак кој вели: „ми се допаѓаш“.

Привлекување внимание

Мажите на било кој начин ќе се обидат да ви привлечат внимание. Ако станува збор за маж со помирен карактер, тогаш тоа ќе го направат со дотерување на краватата, а некои дури ќе бидат подготвени и да изиграваат кловнови.

Исправено држење

За да се покаже пред вас во што е можно подобро светло, мажот ќе стои исправено за да ги истакне неговите мускули.

Најчитани вести