Пет луѓе загинале во петокот во југозападна Германија кога се превртил камион за собирање отпад и удрил во автомобил. Како што се наведува, инцидентот се случил во Наголд, град југозападно од Штутгарт.
Прелиминарната истрага покажала дека камион забрзал во свиок, се превртел и се удрил во автомобил при што загинале пет лица. Очевидци изјавиле дек автомобилот бил целосно смачкан.
Возачот на камионот и еден случаен минувач полесно се повредени, а возачот во тешка состојба на шок е пренесен во болница.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.