недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

Пет жртви во пад на мал авион кај Мостар

На местото од падот на авионот во јужната зона на Мостар меѓу населбата Јасеница и компанијата Алуминиумски комбинат биле присутни голем број возилана итната помош и пожарникари

avion mostar

Поврзани вести

Пет лица, од кои три се деца, едно е помлад човек и пилотот, загинаа во саботата попладнето во падот на мал спортски авион недалеку од босанскоерцеговскиот град Мостар.

„Во падот на авионот загинаа пилотот, три деца и едно младо лице“, изјавил за агенцијата Hina министерот за внатрешни работи на Херцеговско-неретванската жупанија, Слаѓан Беванда.

Не можел да каже што е причината за падот на авионот, додавајќи дека тоа ќе се утврди во истрагата којашто ќе ја спроведе државната Агенција за услуги во воздушната пловидба на БиХ (BANSA). Од оваа агенција не можеле да го потврдат идентитетот на жртвите.

„Немаме официјална информација кој бил во авионот, Известени сме дека од врските исчезнал авион во 15,53 часот. Веднаш потоа кулата во Мостар дојави дека видел пад, голема експлозија и пожар. Веднаш е ангажиран Центарот на BHANSA кој покрена спасувачка операција и ги извести сите служби на теренот“, изјавиле.

На местото од падот на авионот во јужната зона на Мостар меѓу населбата Јасеница и компанијата Алуминиумски комбинат биле присутни голем број возилана итната помош и пожарникари, а полицијата го оградила поширокиот простор.

Инаку во саботата на аеродромот во Мостар се одржуваше манифестацијата „Денови на отворените врати“ во текот на којашто беа изведувани скокови од авиони, и панорамски летови над Мостар.

Најчитани вести