Спорт

Петар Наумоски кандидат за претседател на МКФ

Петар Наумоски кандидат за претседател на МКФ

Легендарниот Петар Наумоски и најдобриот кошаркар во македонската историја, е кандидат за претседател на МКФ соопшти Иницијативниот одбор за смена на сегашниот претседател Даниел Димевски.

-Иницијативниот одбор оствари средба со Петар Наумоски кој прифати да биде кандидат за претседател на МКФ, откако претходно на Вондредно собрание ќе биде сменет актуелниот Даниел Димевски, изјави спортскиот директор на МЗТ Скопје Видоја Секуловски.

Наскоро се очекува да биде свикано Собранието на кое „иницијаторите“подетално ќе ги изнесат причините за незадоволството од водењето на МКФ од страна на Димевски.

Претседателот на МКФ Вонредното собрание треба да го свика најдоцна до 20 март, доколку тоа не се случи истото ќе го закаже иницијатниот одбор.