Петар Наумоски останува претседател на МКФ

Петар Наумоски и во иднина ќе ја предводи македонската кошарка, решија членовите на Собранието на МКФ на денешниот вонреден собир на највисокиот орган во овој спорт кај нас, објави порталот sport1.mk.

Популарниот Пеце уште еднаш успеа да ги надмудри тие што изминатиов период ја бараа неговата оставка. Тоа значи мирна работа најмалку во следните шест месеци, во кои никој нема да може да покрене иницијатива за негова смена.

Гласањето беше тесно, односно поранешната играчка легенда доби 16 гласа од вкупно 30 членови на Собранието.

Претходно, брзо се поминаа останатите точки на дневниот ред како што беа усвојувањата на извештаите од претходната година, по што Наумоски им се заблагодари на клубовите за довербата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.