ФОТО: Петар Рупески го фати светиот крст во водите на Охридското езеро

Петар Рупески од охриската населба Варош го фати светиот крст кој што пред десетина минути беше фрлен во осветените води на Охридското езеро.

Оваа година во Охрид се пријавија околу 1.000 лица кои што требаше во осветените води на езерото први да стигнат до светиот крст, но најбрз беше Петар од населбата Варош.

Голем број посетители од земјата и од странство денеска се во Охрид да бидат дел од манифестацијата со која чествува големиот празник Богојавление-Водици.

DSC_2402

DSC_2465