Петар Стано: Брисел претпочита ангажман, не повлекување на опозицијата

Гласноговорникот на Штефан Филе, Петар Стано во интервју за порталот „Фактор“ вели дека Брисел претпочита ангажман, а не повлекување, одговарајќи на прашањето какви се политичките последици со бојкотот на СДСМ и дали Македонија е пред сериозна политичка криза.

„Ние сме свесни дека главната опозициска партија е разочарана со изборниот процес и не ги признава резултатите. Ова е несреќна ситуација. Ние претпочитаме ангажман, а не повлекување. Ние ќе продолжиме да ги поттикнуваме политичките лидери да се ангажираат во конструктивен дух за решавање на актуелните прашања“, вели Стано.

Во однос на извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите, Стано вели дека нивната проценка на избори се базира на широк спектар на прашања, кои се детално опишани во нивните извештаи.

„Во случај на вашите неодамнешни избори,  тие се изјаснија дека биле ефективно спроведени“, заклучува Стано.