Спорт

Петарда од Реал Мадрид за Бетис

Петарда од Реал Мадрид за Бетис

Убедлива победа од 5:0, во дуелот со фенерџијата на табелата, тимот на Бетис од Севилја, забележаа фудбалерите на Реал (М).

Првиот погодок на натпреварот беше дело на најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, а во листата на стреци се запишаа уште Герет Бејл, Карим Бензема, Анхел ди Мариа и Алваро Мората.

Пресметката помеѓу Елче и Рајо Валјекано заврши со сигурен триумф на домашинот од 2:0.