Спорт

Петарда за очајниот Сандерленд

Петарда за очајниот Сандерленд

Шест погодоци, пет во гостинската и еден во домашната мрежа беа постигнати на последниот натпревар од 33. коло во англиската Премиер лига, дуелот на „Вајт Харт Лејн” помеѓу екипите на Тотенхем и Сандерленд.

Со новите три бода, Тотенхем остана во игра за едно од двете места кои водат во групната фаза од Лигата на Европа, додека гостинот е се поблиску до заслужената преселба во англиската Втора лига.

„Не знаете колку сум горд што сум менаџер на Тотенхем, но кога е во прашање мојата инднина, тој одговор ќе мора да го побарате од раководните лица. Знам дека не можам да ставам крај на шпекулациите околу мојата индина, но јас сум фокусиран само на првенствените натпревари и сакам во голем, победнички стил да ја завршиме актуелната сезона”, изјави менаџерот на Тотенхем, Тим Шервуд.