Петер: Обновливите извори на енергија се неопходни за секоја земја

Во Македонија постои можност за изградба на Паркови со ветерници. Според претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија,  Штефан Петер, обновливите извори на енергија се неопходни за секоја земја.

Како што вели, тоа е бесплатен извор на енергија, но напоменува дека трошоците за инвестиција и трошоците за одржување се мошне високи.

Петер: Обновливите извори на енергија се неопходни за секоја земја
Петер: Обновливите извори на енергија се неопходни за секоја земја

Овој вид на енергија е добар извор и исто така е добар за Македонија. Сметам дека има делови од Македонија каде има доволно ветер, но несмееме да заборавиме дека тоа не е единствениот извор на енергија и дека ќе има денови без ветер и во овие денови имаме потреба да зготвиме и сакаме да гледаме Телевизија и затоа ви треба нешто што се нарекува резервна енергија. И како резервна енергија ви треба нешто како гасна термоцентрала, или хидроцентрала или нешто друго што ќе настапи кога воопшто ќе нема ветер и кога енергијата од ветерниците неможе да биде произведена, истакна Петер во рамки на посетата на паркот со ветерници на ЕВН во Долна Австрија, кој во моментов е еден од најголемите производители на енергија од ветер.

Парк со ветерници во Лоуер, Австрија
Парк со ветерници во Лоуер, Австрија

Петер понатаму вели дека изградбата на ваков вид извор на енергија за инвеститерот, кој треба да ја направи инвестицијата е голем залак.

Со цените на пазарот што ги имаме низ цела Европа во моментов тоа не е возможно. Низ цела Европа, она што инвеститорот го добива како надоместок е „зелена тарифа“. Со „зелената тарифа“ можете да контролирате колку ветерници ќе изградите. Во Австрија веќе го постигнавме лимитот, а не е во ред да имате премногу, вели тој.

ЕВН Македонија веќе инвестираше во хидроенергијата, а компанијата е заинтересирана и за понатамошни инвестиции во обновливите извори на енергија. Благодарение на инвестициите на ЕВН, во земјава значително е зголемено производството на енергија од обновливи извори.

Парк со ветерници во Лоуер, Австрија
Парк со ветерници во Лоуер, Австрија

На прашањето какви се плановите на компанијата во однос на инвестициите во паркови со ветерници во Македонија, Петер вели:

Веќе инвестиравме во хидроенергијата. Имаме осум мали хидроцентрали, заинтересирани сме да инвестираме и понатаму, но тоа мора да биде ефикасно и економски исплатливо. Тогаш ќе може да инвестираме. Како што знаете, инвеститорот мора да донесе одлука со која што ќе може да добие враќање на инвестицијата и ако ова се направи, најверојатно ЕВН сигурно ќе има интерес да инвестира и во Македонија.

Петер нагласува дека ЕВН веќе ја поседува технологијата за ветерници која се докажа не само во Австрија, туку компанијата има и сопствен парк со ветерници и во Бугарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.