четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 48

Петерле: И благодарам на Македонија за справувањето со бегалците

Петерле: И благодарам на Македонија за справувањето со бегалците

Петерле: И благодарам на Македонија за справувањето со бегалците

Последни вести

Бегалската криза даде уште една причина за европската иднина на Македонија, и покажа колку сме ние меѓузависни и која цена ќе ја платиме доколку не соработуваме. Затоа евроинтегративниот процес треба да продолжи и да се динамизира, рече словенечкиот европратеник, Алојз Петерле, копретседавачот на тринаесетиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РМ на заедничката прес-конференција со македонскиот копретседавач, пратеникот Кенан Хасипи, по завршувањето на состанокот.

Како европеец сум и благодарен на Македонија за нејзиниот влог во справувањето со бегалската криза. Македонија не е земја на потекло, но ниту на дестинација и навистина е голем предизвик за земјата како што е и за другите земји. Оваа криза покажа уште причина за европската перспектива на Македонија, оти покажа колку сме ние меѓузависни и која цена ќе ја платиме доколку не соработуваме добро, рече Петерле.

На новинарско прашање како може ЕУ да и помогне на Македонија во однос на бегалската криза Петерле истакна дека фондовите наменети за пристапниот процес не треба да се користат за мигрантите, но и дека на земјата и е потребна поголемо финансиско внимание и поддршка заради големината на проблемот.

Петерле: И благодарам на Македонија за справувањето со бегалците

Петерле: И благодарам на Македонија за справувањето со бегалците

Тој го поздрави враќањето на опозицијата во Парламентот и воспоставувањето на политичкиот дијалог, но оцени дека не е доволно да се постигне договор за одредени структури и закони туку атмосфера на инклузивност и внатрешна кохезија во земјата. Укажа и дека е добро што земјата има партнери како ЕУ и САД кои и помогнаа во надминување на кризата.

Вие имате партнери кои посакуваат земјата да постигне напредок, но сите извори на можни потенцијални конфликти не се отстранети токму затоа во препораките се зборува за одредени прашања кои треба да бидат разрешени, рече Петерле.

Според Хасипи, предолгото чекање во предворјето на ЕУ фрустрира и во одредени моменти може да предизвика внатрешни тензии на линија власт – опозиција и затоа е потребно придвижување на процесот напред.

Тој исто така, се согласи дека статус-кво ситуацијата не е одржлива и од регионален безбедносен аспект, а особено асиметричниот пристап на ЕУ, но и на НАТО во однос на другите земји од регионот и нивната евро-атлантска интеграција.

Асиметричност во пристапот нема да обезбеди повеќе безбедност. Во попширокиот меѓународен контекст гледаме дека се отворени нови аспекти меѓу кои и безбедносниот така што ЕУ мора да биде внимателна во однос на ова. Секој вид напредок мора да биде вреднуван на некој начин и кредибилитетот не се однесува само на земјата кандидат туку и за ЕУ. Се надевам дека по изборите ЕК ќе предложи позитивна оценка и дека Советот ќе го следи тоа, рече Петерле.

Според него, Македонија…

Најчитани вести