Петерле: И благодарам на Македонија за справувањето со бегалците

Според него, Македонија ги исполнува условите за членство во НАТО и треба да биде поканета, како и Црна Гора која веќе доби покана, и го повтори ставот на Европскиот Парламент кој гласи дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за процесот на евроатлантската интеграција.

Во препораките од состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет Петерле посочи и дека меѓу другото, се повикува Советот да побара од ЕК да започнат подготовки за рамката за прегори уште од сега.

 Ние се надеваме и работиме на тоа да се направи напредок. Понекогаш ситуациите кои се чинат помалку соодветни нудат повеќе можности, рече Петерле.

Хасипи се надоврза и за прашањето околу името. Македонија е секогаш отворена за изнаоѓање решение и остануваат посветени на тоа прашање, но треба да се има предвид развојот на настаните кој може да доведе до нови проценки дека веројатно е потребно да се заокружи тој процес.

Во однос на Законот за медиумите, европратеникот посочи дека е потребно да постои согласност меѓу власта и опозицјата во земјата за модел кој ќе постави критериуми за медиумите кои нема да се менуваат од една до друга влада.

Препораките кои се донесени едногласно од страна на Мешовитиот парламентарен комитетет на ЕУ и РМ меѓу другото ја нагласуваат потребната од исполнување на политичкиот Договор и важноста за целосна имплементација на итните реформски приоритети за земјата. Се нагласува и потребата од тоа ЕУ суштински да ја зголеми помошта на полетто на фундаменталните права и прашањата поврзани со миграцијата, поради што се повикува ЕК да започне подготовка, односно пред-скрининг во овие области за идните пристапни преговори – поглавја 23 и 24. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.