Петев обвинил тројца фудбалери дека местеле натпревари

Познатиот фудбалски тренер, Бугаринот Ивајло Петев добил отказ од кипарска „Омонија“ откако обвинил тројца свои играчи дека местеле натпревари. Петев по неславниот ангажман во загрепски Динамо го презеде клубот од Кипар.

Добро му тргнало, клубот заредил со победи, а „Омонија“ изборила и плеј оф за шампионската титула, но во последните седум натпревари во првенството и во купот нанижале шест порази и едно реми. Челниците на клубот можеби и би му ги простиле лошите реултати, но не и тврдењето дека играчите му работат зад грб.

Петев во интервју за бугарските медиуми рекол дека играчите го бојкотирале и местеле натпревари. Конкретно, тој навел тројца, Ренато Маграсу, Алекс Соарес и Рафа Лопез, за кои кажал дека на одредени натпревари играле крајно сомнително и дека на тој начин му работеле зад грб.

Нормално, во „Омонија„ и на Кипар се кренала голема прашина, а Петев веднаш добил отказ поради штетата која ја нанел на имиџот на клубот,  а раководството најави и тужба против Бугаринот.
Во целата ситуација се вклучила и полицијата, па Петев во присуство на адвокат морал да даде исказ во полицијата, а вчера на прес конференција ,исто така  со адвокатот, ги обвинил медиумите во Бугарија дека погрешно го пренеле и ги извадиле од контекст неговите зборови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.