Петгодишната Николинка во борба со леукемија – неопходна е помош!

За Митеви од струмичко Пиперево, сета божиќна радост е преточена во молитва, во исконска желба да се излекува нивната петгодишна Николинка.

Девојчето се бори со леукемија, а за лекувањето во Германија се потребни 120 илјади евра. Нивната голгота трае половина година, а почнала навидум наивно. Од жалење на девојчето на болки во зглобовите и коските.

Повеќе од четири месеци Николинка ги поминала во константно посетување на детската клиника во Скопје, каде била утврдена реума, а таква била дијагнозата и во соседна Бугарија.

Подмолната болест е откриена дури во Германија, откако родителите на сопствена иницијатива ја однеле бидејќи се влошувала состојбата на девојчето.

Николинка веќе ја прима хемотерапијата во Германија и во рок од девет месеци треба да се уплатат на сметка во банката 120 илјади евра.

Доколку се утврди дека е потребна трансплантација на коскена срж, ќе бидат потребни дополнителни 80 илјади евра.

Семејството Митеви не се во можност да ја обезбедат оваа сума. Божиќната молба и порака на Митеви е да се обединат хуманите луѓе, да донираат за да се спаси најмалата, трета сестричка во ова струмичко семејство.

Видео: Канал5

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.