Петгодишно дете падна од спрат на куќа во скопско Радуша

Во скопското село Радуша синоќа околу 22.00 часот петгодишно дете од Берлин, СР Германија, кое било во посета на роднини, паднало од првиот кат од куќа во изградба.

Детето се здобило со повреди во пределот на главата. Како што информираат од МВР, тоа во безсознание било пренесено во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Увид извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.