сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 4

Петинг

Кога Ал Џезаира зборува за демократија, тука демократијата го завршила своето. Кога активист на Сорос раскажува за корупција, а му суфлираат некои дипломати, тоа е лага по дифолт. Корупцијата им е само изговор за создавање и поставување влади за дипломатски потреби. На нивните, како Мило и Заев, корупцијата им е воен плен, заслужена награда.

latas

Последни вести

Под надворешна присила која во Македонија не е видена од Рамковниот во 2001 година извршена е примена на договореното од Пржино, па потоа доградено и дополнето со нови барања на СДСМ и дипломатите. Сила голема.

Зошто се употреби толкава дипломатска сила за која СДСМ беше само попатен инструмент. Спотер. Имено, барањата на СДСМ беа често пати и помеки од она што на крајот беше финално решение. Кога Ванхојте, назначен за посредник за потребите на Европската унија и САД, ќе видеше дека барањата на СДСМ не се доволно радикални, вади од својата ташна готов текст и наредува – дечки, ова е вистинското решение.

Ако имаа претхотно свои решенија, зошто воопшто СДСМ глумеше преговарач.
Битно е, за историјата и иднината, да остане запишано дека, како и во 2001 година, ова што сега се случува не е производ на македонската политика, воља на народ и политички амбиент, туку просто – наметнато решение на една мала земја од две големи сили.

Тој факт ќе остане како дел од историјата, но и како информација во некои руски, кинески, грчки, германски, бугарски… дипломатски записи кои во иднина ќе го користат овој случај за свои цели и намери, затоа што – како што на сила е создадено Косово, и како што на сила е сменет Уставот на унитарна Македонија во 2001 година, така и сега се насилно извршени политички измени и подготвен терен за нешто што допрва следи.

Ова со Прижно е само предигра. Петинг.

Секој знае дека со формирањето специјален обвинител со сурија од 125 вработени и буџет од енормни четири милиони евра годишно – е прекршен Уставот на Македонија.

Ништо друго да не е насилно и спорно, само ова да е, доволно е за да се констатира дека е извршено дипломатско насилство врз Македонија во соработка со СДСМ, соросоидите кои се за тоа формирани и товени две децении, и лично Заев и Шекеринска. Токму знаејќи го ова, дипломатите бараа подносителот за оценка на уставноста на законот за специјален обвинител, адвокат од источна Македонија, да го повлече барањето. Законот да не се преиспитува пред Уставниот суд.

Освен што е извршено колективно дипломатско насилство со ова е извршено и индивидуално. Да се запре, со притисок, граѓанин во остварување на свое основно право.

Извршено е и насилство врз државна институција – врз Советот на обвинители кој под нескриен дипломатски притисок отстапи од своја одлука и на Катица од Гевгелија и го учини меракот да има дури дванаесет обвинители помошници. Тоа е инает, демонстрација на моќ и каприц на дипломатите преку Катица врз Македонија. Сосема иста работа можат да завршат и седум и дванаесет обвинители, но тие сакаат да биде по нивно и таа нивна моќ над нас да се види секаде, и во секоја прилика. И, се виде.

Советот на обвинители составен од возрасни, стручни и авторитетни луѓе беше јавно понижен од Катица која на прес им порача дека не знаат да ги читаат законите.
Катица, која има идентични изјави и ставови со соросоидите како Сашо Орданоски, или прес-конференциите на СДСМ, по што веќе е препознаена како партиски, а не државен орган.

Дали е случајно што токму сега УСАИД најавува нови пари за нивните овдешни соработници, пари кои без исклучок одат за одредени и наменски проекти кај соросоидите. За нив други стручни и паметни овде нема. Новиот милионски проект на УСАИД оди за спроведување на реформите од Пржино :). Зарем некој се посомнева дека темата ќе биде нешто друго. Соросоидите се веќе стрвни, мирисаат нови пари и се лигават.

Ако го погледнете составот на годишни трошоци кои Катица од Гевгелија ги има накрцано за нејзиното партиско Специјално обвинителтво, ќе го видите ова: еден милион евра, секоја година, за експерти и консултанти по нејзин личен избор. Еден милион евра наши јавни пари, секоја година, ќе одат кај пријателите на дипломатите од нивните држави и кај соросоидите од нашава држава. Со наши пари ќе не плукаат разноразни Сашо Орданоски и неговиот ментолизиран брат, Најчевска, Курто и Мурто, Тричковски… секој што за кеш би се продал и себе и сите нас на куп.

Плус, пари за патувања, советувања, едукација. Замисли, овие во Специјалното обвинителство се неспремни, допрва ќе учат и ќе се едуцирааат!

Тоа е концептот. Вадиш некој провинцијалец од нафталин, од подрум, како Заев од Струмица или Катица од Гевгелија. На Заев му покриваш корупција и милиони крадени пари, а он те слуша за се што ќе му се каже. Ја вадиш Катица од Гевгелија, и ја пеглаш суетата по дипломатски приеми, и пишуваш изјави за да не зборува лично, па ги објавуваш божем како нејзини интервјуа по соросоидни портали. И даваш на Катица милион евра да располага како сака со нив, плус милион да ги плаќа твоите. А сето го плаќаме ние. Топ.

Дипломатите од Пржино демонстрираа груба моќ и сирова ароганција. Како што демонстрираа шеесеттите години во Виетнам, и се до денес. Вклучително и насилното создавање хибрид држава – Косово. Сега се во акција врз нас, најмалата држава на Балканот која, за нивна жал а наша среќа, има најдобри резултати последниве години во овој регион. Најстабилна држава сме, и со најдобра перспектива. Тоа не спаси од полошо.

Да немаше Груевски резултати зад себе, и народ пред себе, досега ќе беше бивш.

Заев ќе беше власт која би потпишала се што од неа се бара – а ние ќе се тепавме по кафани кој е виновен за федерализацијата која ДУИ ни ја најави како сојуз на албански општини во Македонија. Е па, другари, сега таа моја теза не е фикција. Сојузот на албански општини во Македонија го најавија министри од ДУИ, градоначалници, активисти…

Значи, привршува петингот. Навлажнувањето. Подготовката. Што следи?

Кога Брисел и Вашингтон две децении го одржуваат на власт Мило Ѓукановиќ, единица мерка за корупција и диктатура во денешна во Европа, заради кој е измислена досетката: секоја држава има мафија, но само мафијата на Мило Ѓукановиќ има своја држава… тука завршува довербата во Брисел и Вашингтон. Мило е доказ.

Кога Ал Џезаира зборува за демократија, тука демократијата го завршила своето. Кога активист на Сорос раскажува за корупција, а му суфлираат некои дипломати, тоа е лага по дифолт. Корупцијата им е само изговор за создавање и поставување влади за дипломатски потреби. На нивните, како Мило и Заев, корупцијата им е воен плен, заслужена награда.

Тие контролираат многу медиуми, соросоиден невладин сектор (се мисли овде на Балканот, во Европа невладин сектор е нешто сосема друго) кој по задача произведува хаос во државите и фабрикува божемни антизападни елементи кои треба да се сотрат за потреби на нивната демократија. По што следат разноразни посредници, олеснувачи, помагачи…

Сега скоро ги објавија сниманите мејлови на Хилари Клинтон.

Во неколку мејлови има коресподенција помеѓу неа и Џорџ Сорос. Да, тој Сорос.
Кога во Албанија пред неколку години имаше немири и тепачки околу нерегуларности на избори, Вашингтон барал начин како тоа да го смири, и нивниот најискусен играч на Балканот да влезе во мирни политички води. Да не ги резили.

Џорџ Сорос и пишува на Хилари Клинтон, шеф на американската дипломатија, дека може да и помогне затоа што во Албанија има свои активисти на терен, а на лагер имал и преговарачи и олеснувачи, па ги реди… од Карл Билт па понатаму.

Создавањето соросоиди, а потоа тензии и немири е бизнис. Нудењето решенија од тие вештачки создадени тензии е исто така бизнис. Џорџ Сорос е трговец со души, што не е само мое убедување, туку е објавено негово признание од преписката со Хилари Клинтон.

Да, ова со Пржино е само подготовка. Петинг. Главното следи.

Груевски, и мнозинството Македонци, можат да бидат задоволни од оваа фаза. Најважно за Груевски, и најголем дел од нас, беше да се фиксира што побрзо датум за следни избори кои се разврска за оваа криза предизвикана од СДСМ. И тоа се случи, изборите се во април, а потоа следи нов мирен, креативен и стабилен период.

Втората основна цел на Груевски беше да се добие позитивна препорака од Европската комисија за прием на Македонија во ЕУ, а посредно и за НАТО. И тоа ќе има добра завршница. Ова е важно затоа што Македонија е нација и држава со прозападна култура, и не треба да се дозволи Заев, Шекеринска и пар лоши дипломати да го сменат тоа. Сите работевме да биде така, и успеавме. Ако беше поинаку, ќе беше и наш пораз.

Со тоа, петингот заврши. Следи главното.

А главното ќе се отвори во декември. Тоа е Конференција за Охридскиот договор која ќе ја води Питер Фејт. Оној Питер Фејт, што ги спасуваше УЧК-ите од Арачиново. Питер Фејт, тивко и речиси тајно, кон крајот на септември годинава беше во Скопје, и пред учесниците на договорот од Пржино го презентирал своето видување на Охридскиот договор, и што понатаму… Питер Фејт е веќе дел до филмов.

Тука главното се отвора, а се затвора за следните две години. Разврската на таа главна тема зависи од нашето гласање на изборите во април догодина.

Тие сметаат дека барањата на Албанците не завршиле со Рамковниот…

Останатото можете да го претпоставите и самите. Или, да почекате до тогаш друг да ви го објасни филмот што сите заедно го гледаме, а некој пак не го разбрал, и не видел ништо.

Драган П. ЛАТАС за ВЕЧЕР

Најчитани вести