Петир: Македонија не треба да го менува името, ЕУ треба да го смени пристапот (ВИДЕО)

Клучната порака од Брисел до новата влада беше дека Македонија мора да го реши проблемот со Грција, како би се отворила вратата за членство во ЕУ и НАТО. Како претседател на „Групата на пријатели на Македонија“, сметам дека таквиот пристап на ЕУ е неприфатлив и дека стана кристално јасно дека ЕУ има двојни критериуми кога станува збор за проширувањето, вели хрватската европратеничка Маријана Петир, која додава дека се покажало оти ЕУ нема и најмала можна намера да ја притисне Грција за да го промени ставот околу името.

–За било какво промена на името, потребен е консензус на политичките партии како изразена волја на избирачите на референдумот, кој би бил нужен при промена на име на држава. Но, вистинското прашање е дали смее од една суверена држава тоа да се бара. Меѓународниот казнен суд во 2011-та година пресуди дека грчката блокада за отворање на преговори за членство во НАТО сојузот не e оправдана, со што Грција ја прекршила Привремената спогодба од 1999 година, вели Петир.

View image on Twitter

–Тоа е јасен показател дека сите други примедби и услови кои се барани од Македонија да ги исполни, како би се отвориле преговорите, користени се како зиговор. На Македонија во овој момент и се нуди соработка во делот на регионалниот заеднички пазар на Западниот Балкан, кој има за цел да им ја удвои финансиската поддршка за инфраструктура, но тоа не смее да стане алтернатива на пристапувањето на Македонија во ЕУ и АНТО, бидејќи Македонија одамна заслужи да биде нивна членк, вели Петир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.