Македонија

Петир: На Македонија не и се потребни тутори, државата може и треба сама да ја води внатрешната политика

Петир: На Македонија не и се потребни тутори, државата може и треба сама да ја води внатрешната политика

На  Македонија не и се потребни никакви тутори-амбасадори, македонските политичари и народ е доволно способен да ја води својата внатрешна политика, вели Маријана Петир, пратеник во Европскиот Парламент.

-На Власт се доаѓа по демократски пат. На власт се доаѓа преку избори на кои оној кој ја добил мнозинската поддршка има легитимитет. Секој презеде обврски од договорот од лани. Дали ДИК ги исполни своите обврски? ДИК е именувана од Собранието, легитимно и е составена од 3 претставници на власта, 3 од опозицијата и 3 експерти. Па така ДИК е таа која треба да излезе и нека каже дали има услови за избори. Тоа може да го каже само овластеното тело а некој од страна. Тоа не можам да го кажам ниту јас ниту претставници на некои други земји. Тоа нам не ни е работа, вели Петир.