Петир: На власт се доаѓа преку демократски избори

 

Пратеникот во Европскиот Парламент, Марјана Петир смета дека внатрешните проблеми треба да се решат со заеднички сили, а договорот кој лани беше потпишан да не се поткопува и повеќе да не се одложуваат изборите.

-На Власт се доаѓа по демократски пат. На власт се доаѓа преку избори на кои оној кој ја добил мнозинската поддршка има легитимитет, вели таа.

-Секој презеде обврски од договорот од лани. Дали ДИК ги исполни своите обврски. ДИК е именувана од Собранието, легитимно и е составена од 3 претставници на власта, 3 од опозицијата и 3 експерти. Па така ДИК нека излезе и нека каже дали има услови за избори и тоа треба да го каже овластеното тело а некој од страна. Тоа не можам да го кажам ниту јас ниту претставници на некои други земји. Тоа нам не ни е работа, вели Петир.

Македонија одамна ги има исполнето сите услови за да се отворат преговорите со ЕУ, вели Петир, која смета дека доколку се продолжи со оваа политика која до сега се води кон Македонија, Советот, а со тоа и унијата ќе го покаже својот не кредибилитет, а тоа не е добро.

-Никогаш на ниту една држава која била кандидат за членство во ЕУ не и биле поставени услови кои се однесувале на билатерални прашања. А сите знаеме дека Македонија не е дел од унијата поради билатерално прашање со Грција. Од оваа позиција на оваа денешна конференција јас повторно ќе го повикам Советот да ги отвори преговорите со Македонија, бидејќи Македонија тоа го заслужи. Секако дека патот на европска интеграција на Македонија е отежнат од внатрешните политички проблеми. Јас денеска не дојдов овде да делат совети за тоа што Македонија треба да направи по тоа прашање, поради тоа што македонските политичари имаат доволно капацитет за да го решат ова прашање и доволно љубов за сопствениот народ за да сфатат дека приоритет се евро-атлантските интеграции и дека по тоа прашање треба да постигнат единство, вели таа.

Европска Унија не може да донесе никакви санкции кон Македонија, вели таа.

-Вие сте самостојна и суверена дражава која има свој Устав и во таа смисла функционирате како самостојна држава и јас не гледам дека ЕУ може да донесе било какви санкции кон Македонија. Јас ја повикувам ЕУ и сите оние за кои сметам дека се добронамерни да и помогнат на Македонија, пријателството се покажува преку помагање а не преку одмагање, заклучува таа.

Македонија има многу значајна улога во бегласката криза заклучува таа и додава дека тоа се покажа и Македонија добро реагираше, навремено и побара помош кога и требаше.