Петир за ТВ Нова со критики за однесувањето на СДСМ и Заев

Таа го критикува однесувањето на СДСМ за бегањето од избори и вели дека сите се зачудени од однесувањето на Заев кој одби да оди на средба во Виена

-Мојот став е дека треба да се почитува договорот. Опозицијата бараше да се одржат избори и пред нив, без избори да влезат во извршната власт и да преземат одредени ресори. Колку што можам да видам изборите се одложени без разлика што и опозицијата ги бараше, па се откажаа од изборите и сега гледаме нови најави, опозицијата нема да излезе на изборите. Овој пристап не е добар, кога ќе го потпишете договорот и ќе се согласите на нешто тогаш сите страни треба да се придржуваат до тој договор. Доколку неколку пати го прекршете она што е договорено, тогаш кој ќе ви верува следниот пат? Треба да се почитува Договорот од Пржино затоа што во него се вложени големи напори, посебно од страна на европските медијатори и комесарот Хан, но и тројцата преставници од Европскиот Парламент. И морам да признаам дека сите сме изненадени од реакцијата на лидерот на опозицијата кој одби да оди на разговори во Виена. Не знам што е поважно од обидот за воспоставување на политичкиот дијалог кој требаше да доведе до некои решенија, а тие решенија требаше да му помогнат на македонскиот народ да живее подобро и македонската држава да излезе од оваа криза во која се наоѓа, изјави таа за ТВ Нова.