Петковска до Жерновски: Чувствувате ли морална одговорност за хаосот што го правите на образованието?

И покрај тоа што омилена реченица на Жерновски е „Политиката настрана од образованието”, сепак тој е главен режисер на актуелните случувања во повеќето училишта во општина Центар. Исто сценарио исти филмови, само со различни глумци.

Со стапувањето на функцијата градоначалник освен скандали во образовните институции кои се под надлежност на Жерновски како главен патрон, друго не видовме ништо. Преку разни форми на притисоци и закани, на дело ја спроведува изјавата на првиот опозиционер Зоран Заев, дека ќе менуваат од хигиеничар до министер тамо каде што ќе бидат на власт

Негрижата, несериозната одговорност или непознавањето како функционира образованието ја видовме уште пред неполни две години кога за 2 недели успеа да направи тотален хаос во ООУ „11-ти Октомври“ каде донесе 14 решенија за назначување и именување на директор. Колку за потсетување тогаш вработените немаа земено плата 2 месеци. Да биде уште подраматична ситуацијата сценира труење, киднапирање на деца и врши упад во целокупното работење на тоа училиште со негови надворешни полтрончиња. Во тоа училиште сеуште се води судски спор и се чека одговор од второстепена комисија.

Втората етапа се случуваше во ООУ „Коле Неделковски“ каде што Жерновски назначува директор на тоа училиште кој не е доставен како предлог од УО-(училишниот одбор) односно назначува лице кое воопшто не ги исполнува условите за директор согласно законот за основно образование. Постоечката директорка градоначалникот не ја признава и не ја повикува и консултира за ниту една работа иако и тоа училиште е под капата на општината како и сите останати и владее една голема психолошка војна бидејќи на работа доаѓаат и двата директори. Имено и во тоа училиште се води моментално судски спор, се чека одговор од второстепена комисија.

Ниту ООУ „Кирил и Методиј“ не помина незаобиколено од Жерновски, очигледно некој од неговите послушници не си ја заврши работата за која беше задолжен, па тамо мораа насилнички  по пат на полиција да ја земат целосната документација и во сеното да бараат игла за било какво нарушување на постапката, каде што моментално целиот избор за нов директор е замрзнат.

Сега најнова епизода имаме во ООУ „Димитар Миладинов“ меѓутоа со други ликови. Претставниците во УО кои се избраници на општината незадовни од исходот на гласањето ја оспоруваат целата постапка. Имено согласно сите законски процедури УО до градоначалникот доставиле 2 од вкупно 3 предлози, но очигледно изборот на Жерновски не му е по негов терк и служејќи се освен со невистини и небулози немаат никаков аргумент дека е прекршен било кој член од законот.

На вчерашната седница неколку пати беше поставено прашањето: Кој член од законот е прекршен, но нормално немаше никаков одговор од страна на советничката група и од претставникот на УО кој сам себе себе неколкупати беше контрадикторен на поставените прашања.

Градоначалникот на општина Центар сноси одговорност за случувањата во образовните установи бидејќи таа надлежност ја има со закон. Се прашувам само што и кое училиште е следно да се изврши упад и во екот на запишување на првачиња да се наруши угледот на самото училиште и на раководниот кадар.

Ако навистина барате лоцирање на вината, Г-дине  Жерновски треба да си се разреши самиот себеси и да чуствувате барем малку морална одговорност за општиот хаос кој го правите во најголемиот дел во училиштата во општина Центар, порача советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Елена Петковска.