вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 6

Петковска: И на СДСМ им е јасно дека младиот Фрчковски не заслужува плата од парите на граѓаните

Дури и на членовите на СДСМ им е јасно дека младиот Фрчковски не заслужува плата од парите на граѓаните. Тој е ставен за Оператор на паркинзи само заради заслугите на неговиот татко кој сопствениот народ го навредуваше, омаловажуваше и го нарекуваше со погрдни зборови во своите колумни и јавни обраќања, рече денеска Елена Петковска, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

elena-petkovska

Поврзани вести

Дури и на членовите на СДСМ им е јасно дека младиот Фрчковски не заслужува плата од парите на граѓаните. Тој е ставен за Оператор на паркинзи само заради заслугите на неговиот татко кој сопствениот народ го навредуваше, омаловажуваше и го нарекуваше со погрдни зборови во своите колумни и јавни обраќања, рече денеска Елена Петковска, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Интегрален текст од прес-конференцијата на Петковска:

Дури и на членовите на СДСМ им е јасно дека младиот Фрчковски не заслужува плата од парите на граѓаните. Тој е ставен за Оператор на паркинзи само заради заслугите на неговиот татко кој сопствениот народ го навредуваше, омаловажуваше и го нарекуваше со погрдни зборови во своите колумни и јавни обраќања. Тој е вработен само заради тоа што неговиот татко додека беше министер за внатрешни работи толерираше шверц, неразјаснети убиства, атентати и слично.

До каде оди лудилото и криминалното раководење на СДСМ најдобро може да видиме во Општина Центар и јавните претпријатија под раководство на партијата. Паркинзи на општина Центар, претпријатие кое се финансира со пари на граѓаните е типичен пример како СДСМ ја замислува и практицира власта. Во ова јавно претпријатие СДСМ ги згиржува сите оние кои го задолжиле криминалното раководење на партијата. Во ПОЦ од неодамна е вработена и Катерина Иванова Бекири, сопруга на Захир Бекири Чауш, член на СДСМ и близок соработник на Зоран Заев кој го креираше криминалниот проект на СДСМ „Фабриката за афери“.

Очигледно е дека Центар е пример како во пракса се реализира идејата на аболицираниот криминалец Зоран Заев да вработува од чистачка до миснистер, на сметка на професионални и компететни кадри.

Во ПОЦ се вработени и: Александар Цветановски Бабуш – бивш советник во општината од СДСМ, Никола Савовски кој беше кандидант за советник на листата на СДСМ, чиј татко, Ратко Савовски, е раководител на сектор во општината, поранешниот претседател на СДСМ Центар Фјодор Доброхотов, поранешната советничка на СДСМ Кети Штерјова и поранешниот директор на Државна Статистика од СДСМ Данчо Герасимовски. Кој од кој подискутабилен професионалец и некомпететен кадар поминат низ кадровите комисии на партијата.

Впрочем што друго да се очекува од партија која само за неколку месеци успеа да ја девалвира професионалноста и на неколкуте министерства кои ги раководи, како случајот со МВР на Оливер Спасовски и МТСП на Фросина Ременски.

Крајот на овој криминал на СДСМ се ближи. Затоа тие стануваат се понервозни и се обидуваат да протуркаат уште некој грст партиски војници во институциите под нивна контрола. Крајот на ова безобразие на СДСМ народот ќе му стави на 5 јуни, а раководтсвото на СДСМ ќе доживее таква катастрофа која им прилега на нивната деструктивна политика која ја водат цела година на штета на сопствениот народ и сопствената држава.

Најчитани вести