Петмина Австралијци обвинети за обид за приклучување кон ИД

Австралиските власти денеска покренаа обвиненија против петмина Австралијаци, кои се товарат дека планирале да и се приклучат на џихадистичката група Исламска држава.

Како што објавија австралиските медиуми, петмината мажи на возраст од 21 до 31 година биле упасни кога со мал брод се обиделе илегално да заминат во Индонезија или Филипините и од таму да отпатуваат за Сирија за да и се приклучат на ИД.

Петмината Австралијаци официјално се обвинети за „планирање да влезат во странска држава и да се приклучат кон акти на насилство“, за што можат да бидат осудени на доживотна казна затвор.

Полицијата соопшти дека петмината обвинети биле упасени во вторникот во градот Кернс во сојузната држава Квинсленд, каде допатувале од Мелбурн.