Петмина полесно повредени во 11 сообраќајки во Скопје

Пет лица се полесно повредени во четири од вкупно 11 сообраќајни незгоди што во текот на вчерашниот ден се случиле на подрачјето на СВР Скопје, а седум поминале само со материјална штета.

Сообраќајната полиција во текот на изминатите 24 часа откри и санкционира поголем број прекршоци, меѓу кои 18 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возачи што го управувале возилото под дејство на алкохол кои се исклучени од сообраќај, двајца возачи што не ги почитувале светлосно сигналните уреди, како и 16 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 32 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 47 возила.

Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, Одделението за превенција ќе реализира едукативни работилници со децата од средна и голема група во детската градинка „Буба Мара“, објект „Лавче“ која се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.