Петмина полицајци се повредени во синоќешните протести

Петмина полицајци беа повредени од страна на демонстрантите на протестите на иницијативата „Протестирам“.

Хулиганите дивееја пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и пред зградата на Владата. Насобраните носеа транспаренти со пораки насочени против Владата, против владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и против претседателот Ѓорге Иванов.

Дел од демонстрантите почнаа да фрлаат кон полицајците со пиротехнички средства, камења, стаклени шишиња.

Како што информираат од градската општа болница „Свети Наум“, кај нив се примени двајца повредени полицајци.

Полицијата со солзавец и шок-бомби успеа да ги растера демонстрантите кои дивееја на улиците.

Петмина полицајци се во болница, а еден демонстрант е приведен. Како изгледаше каменувањето на полицијата погледнете на следниот линк.