Петмина повредени во девет сообраќајки во Скопје изминатите 24 часа

Вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 15 возачи  кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, шест возачи поминале на црвено светло на семафор, како и кај 11 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и тројца пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати се и 43 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 51 возило. 

Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ООУ „Аврам Писевски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.