Петмина повредени во експлозија во близина на касарна во Истанбул

Пет луѓе се ранети во експлозија во реонот Санџактепе во азискиот дел од Истанбул, јавија турски медиуми.

Експлодирал најверојатно автомобил паркиран пред касарна во момент кога преминувало воено возило. Повредени се една жена и четири мажи. Според НТВ, нема повредени војници во експлозијата.