Петмина ранети при експлозија на автомобил-бомба во Турција

Петмина припадници на турската полиција се ранети денеска при експлозија на автомобил-бомба крај полициска станица во турскиот град Кулп, во близина на границата со Сирија, јави ТАСС.

За сега никој не презеде одговорност на нападот.

Кулп се наоѓа во југоисточниот дел на Турија каде претежно живеат Курди. Во овие региони во последните неколку месеци често доаѓа до вооружени судири меѓу безбедносните сили и припадници на Курдската работничка партија.