Петмина туристи загинаа во лавина во Канада

Спасувачките екипи добија сигнал за инцидентот во саботата, доцна попладне. Претходно таа вечер, во подножјето на врвот Харви беа откриени четири тела. Петтото тело беше откриено неколку часа подоцна.

Шестиот турист од истата група заостанал зад другите. Откако стигнал до врвот, останатите петмина биле исчезнати, изјави Мартин Колуел, шеф на спасувачките тимови. Според него, групата стапнала на испакнатина од снег и мраз, која се урнала под нив.

Жртвите биле од Британска Колумбија и учествувале во редовна туристичка група, соопшти Колуел. Користењето на патеките кон Монт Харви не е опасно, но блиску до врвот има некои стрмни карпи, а приближувањето до нив може да е опасно при сегашните зимски услови, додаде тој.

Претстои судскиот лекар  и  официјално да ги идентификува загинатите.