Петмина загинати при бомбашки напад во југоисточна Турција

Пет лица загинаа, а 39 се ранети синоќа при експлозија на автомобил-бомба пред полициска станица во градот Чанар во југоисточната турска провинција Дијарбекир.

Како што јави Анадолија, од експлозијата на бомбата се урнале еден ѕид од полциската сатница, како и дел од соседна станбена зграда.

Регионалната управа на Дијарбекир соопшти дека две лица загинале пред полициската станица, а три ги загубиле животите при уривањето на станбената зграда.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но властите обвинија дека тој е дело на припадници на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК).

Некои турски медиуми јавија дека по експлозијата уследиле и напад со минофрлачки гранати и истрели од огнено оружје.

Во исто време, минофрлачки напад бил извршен и врз полициска станица во градот Мијат во провинцијата Мардин, но засега нема инфромации за евентуални жртви.

Судирите меѓу турските владини сили и ПКК беа обновени во јули минатата година, откако курдските бунтовници објавија крај на кревкиот прекин на огнот, поради воздушните напади на турската армија врз нивните позиции во севрен Ирак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.