Петмината кои владеат со светот, знаат се’ за нас и се најсилно оружје на Америка

„Епл“, „Гугл“, „Фејсбук“, „Мајкрософт“ и „Амазон“, се петте гиганти од САД во Интернетот и во високите технологии, кои заедно вредат речиси две билиони долари.

Италијанскиот магазин „Панорама“ ги прогласил за „газди на светот“, токму поради нивната вредност, но и поради влијанието кое го имаат врз човечките животи.

Списанието наведува дека овие компании сега претставуваат една вистинска глобална моќ, која ја обезбедува супериорноста на САД.

Нивните главни менаџери разговараат на еднакво ниво со шефовите на државите и со премиерите на владите, влијаат на донесување на закони во американскиот Конгрес, бараат примени на нивните регулативи за приватност, па дури влегуваат и во директен конфликт со Еворпската унија во врска со даночни несогласувања.

– Од музика до пеглање на кошула, од пријателства до кредитни картички, интернет гигантите сега веќе знаат буквално се’ за нас… Имаат револуционрени идеи, бидејќи правилата кои ги утврдило капиталистичкото стопанство не одговараат на нивниот бизнис. Но, почнуваат да влеваат страв, пишува италијанскиот магазин.

sema1

Од друга страна, овие гиганти се во постојана војна, а целта на нивната борба сме сите ние, поточно 2,8 милијарди луѓе, кои секојдневно се конектирани на Интернет и ги користат своите кредитни и дебитни картички. Секој од тие пет натпреварувачи има желба да стане единствен газда на светот, да приграби за себе што е можно повеќе дигитални граѓани, и да ја елиминира конкуренциијата. Интересно е дека на почетокот сите овие компании се држеле до својата почетна мисија, па така „Гугл“ се потпираше на својот интернет пребарувач, „Епл“ на иновативните, скапи и оригинални дизајнерски производи, „Амазон“ ја држеше најголемата он-лајн книжарница во светот, „Мајкрософт“ својот оперативен систем го имаше во речиси секој компјутер, а „Фејсбук“ се појави како еден албум на сеќавања на било кој што ќе се вклучи на Интернет.

Но, сега сите овие компании се сештојади, а новинарот Џулијан Асанж, основач на „Викиликс“, тоа веќе го нарече нов тоталитаризам.

извор: blic.rs

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.