недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 30

Петнаесет години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила

ljubanci

Последни вести

Денеска навршуваат 15 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила.

По тој повод владина делегација ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на загинатите во касарната „Илинден“ во Скопје и пред спомен – обележјата во село Љубанци.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенсковски мини. Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.

Најчитани вести