Петнаесет години по убиството на Аркан сеуште не се знае кој е одговорен

На денешен ден пред точно 15 години во белградскиот хотел „Интерконтинентал“ беше убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан (48). Заедно со него настрадаа и Миленко Мандиќ и Драган Гариќ.

За убиството на командантот на Српската доброволна гарда беа осудени полицаецот Добросав Гариќ, Драган Николиќ и Милан Ѓуричиќ, кои ја негираа вмешаноста во атентатот. По донесувањето на пресудата во која Гавриќ доби 35 години затвор, а Ѓуричиќ и Николиќ по 30, првообвинетиот и Ѓуричиќ побегнаа од земјата. Гавриќ, кој во моментов се наоѓа во екстрадационен притвор во Јужна Африка тврдеше дека вечерта кога се случило убиството, тој случајн о се нашол во хотелот „Интерконтинентал“.

Имено, со ова тројно убиство во белградскиот хотел започна серија убиства во белградското подземје од кои некои се разрешени, а некои не.

И по 15 години не се знае кој беше налогодавач и што е мотив за убиството на Аркан. Неговиот син од првиот брак Михајло, за организацијата на злосторството ги обвини Слободан Милошевич, Мирјана Марковиќ и Радомир Марковиќ.

Аркан беше погребан на христијанскиот празник Св. Јован, со почесна стрелба и присуство на голем број јавни личности.