Петнаесет кадети на авганистанската војска убиени во терористички напад

Напаѓач самоубиец детонирал во саботата автомобил полн со експлозиви пред камп за обука на авганистанската војска во близина на главниот град Кабул, убивајќи најмалку 15 лица, објави портпаролот на армијата за последниот од низата терористички напади оваа седмица во Авганистан.

„Воениот персонал излегувал од универзитетот ‘Маршал Фахим’ кога ги нападнал напаѓач самоубиец во автомобил. Петнаесет војници кои биле таму на обука се убиени, а уште четворица се ранети“, изјави за Reuters Давлат Вазари, портпарол на авганистанското министерство за одбрана.

Само 24 часа порано на западот од авганистанската престолнина Кабул напаѓач самоубиец од Исламската држава детонираше експлозив во шиитска џамија, при што загинаа најмалку 70 луѓе, пренесува агенцијата DPA.

Со денешниот напад бројот на загинатите последната седмица во Кабул се зголеми на повеќе од 200. Изведе ни се повеќе од седум напади во пет дена, од кои пет биле насочени кон безбедносните сили, забележува AFP.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.