Петнаесет лица приведени во операција против ИД во Истанбул

Полицајци од Одделот за борба против тероризмот на истанбулската полиција извршиле рано изутрината истовремени акции на десет локации во населбите Султангази, Есенјорт, Есенлер и Султанбејли.

Во операцијата се вклучиле и специјални единици и припадници на силите за брза реакција, како и хеликоптери.

Во операцијата се приведени петмина Сиријци, за кои се тврди дека биле обучени за извршување напади и десет други лица, кои им помагале. Приведените се испратени на сослушување во полиција.