Петнаесет сојузни држави и престолнината поднесоа тужби против Трамп поради имигрантите

Петнаесет американски сојузни држави и престолнината Вашингтон понесоа тужба во средата против одлуката на претседателот Доналд Трамп да стави крај на правната заштита на 800.000 млади илегални имигранти, соопшти министерот за правда на државата Њујорк.

Ерик Шнејдерман, министерот за правда на сојузната држава Њујорк, изјави дека ја предал оваа тужба пред сојузниот суд Во Бруклин во има на главниот град Вашингтон ДиСи и 15 сојузни држави, од кои неколку од североистокот на САД, како Конектикаа, Масачусетс, Пенсилванија, но и од југот како Вирџинија и Северна Каролина, како и од западот Орегон, Вашингтон и Хаваи.

Калифорнија, државата во којашто живеат најголем број од тие млади илегални имигранти, не е меѓу државите кои се придружиле на тужбата, иако нејзиниот министер за правда претходно изјави дека е подготвен да оди на суд за заштита на овие млади луѓе.

Студијата на Центарот за американски напредок објавена во јануари годинава предвидува дека завршувањето на програмата за заштита за младите имигранти позната по кратенката DACA ќе ја чини Калифорнија 11,3 милијарди долари годишно, повеќе од која и да е друга сојузна држава во САД.

„Одлуката на претседателот Доналд Трамп е дискриминирачка кон ‘Сонувачите’ (како што медиумите ги нарекоа младите имигранти – з.р.) од мексиканско потекло, кои претставуваат 78 отсто од корисниците на програмата DACA“, истакна Шнејдермна и потсети дека околу 42.000 корисници на оваа програма живеат во државата Њујорк.

„Јасно е дека завршувањето на DACA ќе предизвика голема економска штета за Њујорк, како и дека произлегува од антимексиканските предрасуди на претседателот Трамп“, додаде Шнејдерман

Администрацијата на републиканскиот американски претседател Доналд Трамп објави во вторникот дека ја укинува програмата на неговиот демократски претходник Барак Обама, според која стотиците илјади млади кои илегално влегле во САД како деца беа заштитени од протерување од земјата.

По објавувањето на укинувањето на споменатата програма покрената во 2012 година, којашто се однесува на 800.000 лица, во понеделникот беа организирани протести во Мексико, особено во Тихуана.

Од 12 милиони лица кои без лични документи живеат во САД, се проценува дека половината се Мексиканци и околу 625.000 се дева пристигнати илегално во САД со родителите.