Балкан

Петнаесет уапсени под сомнение дека го прислушкувале Ердоган

Петнаесет уапсени под сомнение дека го прислушкувале Ердоган

Петнаесет лица се уапсени под сомнение дека ја прислушкувале канцеларијата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и на други високи функционери.

Операциите се извршени во Анкара и во други турски градови, а меѓу уапсените е и поранешен телохранител на Ердоган.

Обвинителот Дуран Четин ги нареди претресите и апсењата на осомничените, меѓу кои има и полициски службеници.

Масовната полициска операција почна рано изутрината.