Петнаесетгодишната Д.Р. вчера се обидела да изврши самоубиство скокајќи од Панчевачки мост во Дунав.
Таа се одлучила на овој чекор само четири дена пред својот роденден, а за среќа била спасена од речниот рибар Ренато Грбиќ, кој досега има спасено неколку животи.
– Ја видов девојката која на мостот беше со некое момче. Се прегрнуваа и бакнуваа но истовремето и се туркаа, па веднаш помислив дека нешто може да тргне наопаку. Така и беше, бидејќи девојката во еден момент скокна од мостот во реката. Мојот келнер и јас веднаш отидовме до чамецот и брзо стигнавме до неа. Пливаше, беше при свест, и се фати за чамецот, јас ја фатив за раце и полека ја кренав во чамецот, истакнал за Курир, човекот на кој оваа му се 26-тиот спасен човечки живот.
Ренато Грбиќ работи во близина на мостот и досега бил сведок на повеќе вакви настани.
– Почна да плалче и да вели дека сака да се убие. Ја прашав зошто тоа го направи, и реков дека е млада и дека животот е пред неа, а таа ми рече дека нејзиниот татко починал пред 12 години. Ја однесовме во мојот ресторан, што е близу до мостот, каде веќе имаше еден полицаец. Дојде и мојата жена Гоца да го смири девојчето и да поразговара со неа. И направивме чај и ја покривме со ќебе, додал Грбиќ.
Во меѓувреме дошле и речната полиција и брзата помош и ставиле лангета околу вратот и ја префрлиле во Ургентниот центар.