Магазин

Петочко посно мени во Нетпрес: Полнети домати и ледени коцки

Петочко посно мени во Нетпрес: Полнети домати и ледени коцки

За денешното петочко мени се одлучивме за посно главно јадење и исто така посен десерт – полнети домати и ледени коцки.

Состојки

17 домати

2 шољи за каде ориз
2 главици кромид
2 поголеми моркови
2 поголеми компири
2 пченка
малку магдонос
Малку целер
Сол, бибер, суви зачини
Црвен пипер

Подготовка

Изберете малку поцврсти домати, средна и приближно иста големина. Отсечети го делото околу дршката и со кафена лажичка внимателно издлабете го внатрешниот дел. Свртете ги наопаку и оставете ги да се исцеди.

За тоа време подгответе го филот: Сварете го оризот, исцедете го. Пропржете на масло ситно исечкан кромид, додајте изрендан морков, малку посолете и додајте бибер. Меснатиот дел од доматите, ситно исечкајте го, додате го во испржениот кромид и морков, па продолжете со пржењето додека доматот убаво не се испржи.

Додајте ја пченката, по неколку минути додајте изрендан компир. Оризот додајте го на крај. Додајте суви зачини по вкус и исечканиот магдонос и целер, црвена пиперка и сето тоа убаво измешајте. Со филот добро пополнете го секој домат. Во остатокот од филот додајте малку сок од домати, рамномерно распоредете во сад каде ќе го печете доматот, преку тоа наредете ги доматите еден покрај друг полнетите домати, ставете во рерна и печете додека филот благо не порумени. Можете да ги послужите и топли и ладни.

ledeni kocki

 

Ледени коцки

Состојки

500 мл газиран сок

100 мл масло
1 лажица  сода бикербона
100 гр шеќер
300 гр брашно
2 големи лажици какао
По желба мармалад или суво грозје, екстракт од ванила …

Крем

500 мл обична вода

4 големи лажици шеќер

2 пудинзи од ванила

500 мл растителна слатка павлака

 

Подготовка

Тесто

Прво изматете ги состојките и ставете во рерна.

Крем

Ставете вода да зоврие, потоа додајте го разматениот пудинг со малку ладна вода и шеќер. Изладете го пудингот, додате ја изматената слатка павлака мешајќи бавно со рачна маталка.

Тестото можете да го навлажните со нешто течно како инстант кафе или какоа. На изладеното тесто нанесете го кремо… Украсете внимателно…

Пријатен апетит!