Петок, најтопол ден неделава

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 22 до 32 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со температура од 15 до 30 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со мала облачност.

Од УХМР најавуват температури во пораст. Само во четврток во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен дожд и грмежи.

До четврток температурата ќе биде во покачување, а од петок ќе има тенденција на благо опаѓање.

Температурата до крајот на неделава ќе се движи од 10 до 22 степени утринската, како и од 26 до 36 попладневната.

Според УХМР, оваа недела најтопол ден ќе биде петок, кога се очекува дневната температура да достигне до 36-от степен.