До петок скопската обиколница останува затворена за сообраќај

Скопската обиколница ќе биде затворена за сообраќај до петок од 05.00 до 18.00 часот.

АМСМ повикувајќи се на известувањето добиено од продукциската куќа „Chic Films“ и Мануфактура продукција информира дека обиколницата околу Скопје (делница 3, автопат 2, кл.„Хиподром”-кл.„Сарај) од вторник (29.09.2015) до петок (02.10.2015), во време од 05:00 часот до 18:00 часот, ќе биде затворена за сообраќај за потребите на снимањето на францускиот филм „A Fond“.

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Од АМСМ напоменуваат дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Можна појава на одрони на дел од патните правци

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.