До петок сончево и топло, од сабота пороен дожд и грмежи

Утре ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб променлив ветер, а температурите ќе се движат од минимални 12 до максимални 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб североисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 17 до 34 степени.

До крајот на работната недела времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Во сабота попладне и во недела во текот на денот претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во недела ќе дува и повремено засилен северен ветер. Услови за повремен попладневен дожд ќе има и во понеделник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.