Петр Чех на пат кон Турција

Искусниот голман Петр Чех летоска сигурно ќе си замине од редовите на Челси, а како негова наредна дестинација се споменува турскиот суперлигаш Бешикташ.

Иако има неколку понуди од Серија А како и од Арсенал, Чех може да замине за Турција. Оваа информација ја потврди неговиот агент Виктор Колар.

“Во контакт сме со Бешикташ и преговорите се во тек. Турција е една од опциите за Петр Чех, но конечната одлука ќе ја донесеме по завршувањето на сезоната”, изјави Колар.

Оваа сезона Чех одигра само шест натпревари за Челси. Главен избор на Мурињо меѓу стативите е Тибо Куртоа.