ВИДЕО: Петрески и бандата лапнале 148 милиони денари од криминални зделки

Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески вчера во полициската акција „Јагула“е уапсен заедно со уште 13 лица, поврзани со коруптивни афери околу местење тендери и други кривилни дела поврзани со јавни набавки во Општината.

МВР поднесе кривична пријава против 16 лица за сторени кривични дела злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, перење пари, фалсификување или оштетување деловни книги, оштетување или повластување на доверители, примање поткуп и помагање.

Првоосомничениот Петрески се товари за сите овие дела освен за помагање.

Еден од осомничените е надвор од државата, а за уште едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање, велат од МВР.

Покрај Петрески во криминалната група се инволвирани и негови некогашни советници, раководители на сектори, блиски соработници од Општината и неколку сопственици на правни субјекти.

Кривичните дела се правени од 2007 до 2013-та година, со што осомничените го оштетиле општинскиот буџет за 47 милиони денари, а се стекнале со противправна имотна корист од 148 милиони денари, а 2 милиони денари во лична корист на екс градоначалникот, кој истовремено се товари и за примање поткуп во 2 случаи од 734 илјади денари.

Александар Петрески е уапсен утрово во Скопје, останатите негови соучесници се од Охрид, а едно лице е од Струга.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.