Петрески: СЈО треба да си го обели образот и да биде непристрасно

До 1 јуни е мандатот до кога СЈО треба да отвори истрага. До сега нема ниту една предистражна постапка ниту истрага за ниту еден функционер на ДУИ, рече Петрески и вели дека лично повеќе го гледа СЈО како специјално анти-вмровско обвинителство отколку како СЈО.

Ако Македонија сака да расчисти со криминалот, ѝ треба Специјално јавно обвинителство, но веројатно ќе треба да се смени нешто во составот таму, да се обели образот и да се поправи имиџот на тоа специјално обвинителство бидејќи не може на два месеци до истекот на мандатот да нема ниту една истражна постапка за функционер на ДУИ, вели Петрески.

Петрески смета дека од 650.000 разговори колку што и беа предадени на Катица Јанева не може да нема навод или нешто што сугерира дека има незаконско работење кај функционерите на ДУИ.

Но бидејќи сега Ахмети и неговата партија се куклата од насловната страница и се најважни во изминатите два месеци, ДУИ е на страна, не се чепка, се гони криминалот само во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ако сака Македонија да расчисти со криминалот, треба да се чепне и порано, не само во изминатите години и во прислушуваните материјали, туку и приватизацијата и за сето тоа, но за тоа ќе треба нов состав на СЈО, изјави Петрески и додаде дека вака како што е, подобро е што побрзо да заврши, затоа што е една фаза од оваа политичка фарса што ѝ се случува на Македонија последните три години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.