вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 2

Петрит Менај: Славомакедонците не знаат што се – Срби, Бугари или нешто друго?

Уште еден доказ дека оваа стратегија е стара и е помогната директно од Соросовта фондација во земјата, се двете книги објавени во 2008 година: „ОНА – порака и надеж“, напишана од Петрит Менај, учесник во војната во 2001 на страната на ОНА/УЧK.

petrit-minaj

Последни вести

Национално обединување на Албанците во насока на создавање голема Албанија, негирање на македонскиот идентитет и јазик, впишување на албанскиот како службен јазик на целата територија, ова е крајната цел на тиранската платформа која треба да биде протната преку евентуалната владина коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и останатите албански партии потписнички на платформата, пишува ДНЕВНИК.

Уште еден доказ дека оваа стратегија е стара и е помогната директно од Соросовта фондација во земјата, се двете книги објавени во 2008 година: „ОНА – порака и надеж“, напишана од Петрит Менај, учесник во војната во 2001 на страната на ОНА/УЧK, и „ОНА – од битка во битка – недовршени пораки“, чиј автор е Фазли Велиу, еден од креаторите на ОНА, инаку вујко на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во двете е јасно нагласено дека целта е албанскиот јазик да биде официјален во земјата, да се случи национално обединување на Албанците од сите краеви, а речиси секаде во текстовите Македонците се нарекувани Славомакедонци, а државата ПЈРМ или БЈРМ.

Албанците повеќе не можеле да живеат со Славомакедонците

Дека целта уште на војната во 2001 година е голема Албанија, јасно и прецизно пишува Менај во својата книга во делот каде што ги објаснува причините, односно правците во кои, како што вели, треба да се анализира „доаѓањето на војната“. Kако прво, пишува Менај (на страница 13), тоа е барањето за национално обединување „кое кај секој Албанец никогаш не овена и нема да овене со никакво манипулирање, да имаат своја држава како и сите други цивилизирани нации“. Kако втор и трет фактор Менај ги наведува неуспехот на албанските политичари по мирен пат да ги издејствуваат правата на Албанците во земјата и „губењето на довербата во политиката и корумпираните политичари“.

Последниот правец што го наведува Менај се постојаната соработка и борбениот дух кој непрестајно тлеел уште во времето на кревањето на Албанците за слобода и независност во Прешевската Долина.

Понатаму, зборувајќи за тоа како почна сe` во 2001, Менај вели:

– Почетокот на 2001 година покажа дека Албанците не можат да живеат веќе со Славомакедонците како окупирани во своите краишта, туку сакаат да живеат како рамноправни во една заедничка држава.

Во понатамошниот дел од книгата додека раскажува за тоа како течеле битките и комуникацијата со врховниот командант Али Ахмети, Менај во главата со наслов „Завршна фаза“ пишува дека во извештајот на командата на бригадата 112 „Мујдин Алиу“, што го поднеле по повлекувањето на силите од Тетово, идејата за војување во иднина била проширена, а дилемите на основа на кои тоа било одлучено биле:

– Доколку има мир, што ќе постигнеме? Што ќе биде со јазикот, дали ќе стане втор службен? – пишува Менај.

„БЈРМ да биде држава на два народа“

Во вториот дел од книгата се напишани куси биографии на некои од загинатите припадници на ОНА и кај голем дел од нив нагласено е „поради неправдите што ги трпеле од славомакедонските непријатели, како и заради нивните соништа за национално обединување, одлучиле да заминат во војна“. Тоа стои во биографиите на Бурим Хусеини, Фадиљ Руфати и други. Меѓу последните пораки во книгата на Менај е запишано дека само со војување, со јазикот на пушката, може да се добијат легитимните права.

– Самите Славомакедонци не знаат што се Срби, Бугари или некоја друга словенска нација? Војната повторно ќе започне, но народот овој пат треба да го раководат луѓе што се појунаци и поодлучни за да ја тераат војната до конечна победа – се вели во книгата.

Во втората книга финансирана од Соросовата фондација во Скопје – ФИООМ, во која Велиу ги објавува своите белешки, односно дневникот што тој го водел за време на војната, пак, се изнесени целите што ОНА/УЧK се очекувало да ги постигнат. Меѓу главните е промената на Уставот на БЈРМ (како што е и тука наречена Македонија) и да се впише „БЈРМ да биде држава на два народа, албанско-македонски или македонско-албански, албанскиот да биде службен јазик и да се признае слободно користење на националните симболи“.

Понатаму, во објавените факсимили во книгата на Велиу јасно се гледа дека целата стратегија за војната и нејзиниот тек се готвела не само на релација Kосово, Албанија, Македонија, ами и со албанската дијаспора – најмногу Швајцарија.

На крајот на книгата се објавени и фотографии од делот од Албанците соработници однадвор.

Сличните цели, односно за создавање албанска Илирида на територијата на РМ, јавно ги призна и албанската пратеничка Месила Дода, која во Пешкопеја ги повика Албанците во земјата да ја земат работата во свои раце.

– Албанците не се плашат од македонската војска бидејќи имаат деца што ќе земат оружје в рака за да се заштитат нивните браќа и сестри во Илирида – порача Дода.

Неколку дена пред нејзината порака, и партнерот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во борбата за добивање мандат за состав на влада, Зијадин Села, отворено ги негира македонскиот народ и идентитет нагласувајќи дека токму Албанците им помагале на Македонците да создадат држава.

– Историската реалност на Македонија ја знае целиот свет и е многу апсурдно за еден народ што го нема својот идентитет, во конкретниот случај Македонците, Албанците биле многу коректни и им помагале да го градат тој идентитет и сега вие го оспорувате нашиот идентитет. Со пописот од пред 100 години не постои македонски народ – вели Зијадин Села во скандалозната изјава.

Најчитани вести