Петров: Циркузот странци да ни составуваат Влада, мора да заврши, еднаш и засекогаш!

рушува владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок, бидејќи се формира паралелно Јавно обвинителство со истите надлежности за истите дела како и веќе постојното Јавно обвинителство на Република Македонија, со што се суспендира Уставот на државата. Според Уставот, САМО Јавното обвинителство на Република Македонија е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични и други со закон утврдени казниви дела! Подобро ќе беше актуелниот Јавен обвинител на Република Македонија да се разреши и да се избере нов по предлог на опозицијата, отколку да се формира паралелно Јавно обвинителство и да се суспендира Уставот на државата!

Todor_Petrov

Петров во своето образложение наведува, според него, некоку апсурди кои се запишани во Законот за Специјалното обвинителство, но се спротивни на Уставот.

 Специјалното Јавно Обвинителство има целосна автономија од Јавното Обвинителство на Република Македонија, нема никаква координација со него и не реферира пред него, бидејќи де факто и де јуре тоа се две различни независни институции.

Јавното обвинителство на Република Македонија не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на Специјалниот Јавен Обвинител без негова писмена согласност, иако воопшто не се знае кои дела се неговата надлежност. Ние народски велиме Специјално Јавно Обвинителство, но тоа не е специјализирано за определен вид на дела, како што е одделението за организиран криминал, но во рамките на Јавното Обвинителство на Република Македонија, туку е надлежно за сите и за исти дела за кои е наделжно и Јавното Обвинителство на Република Македонија.

И крајно, Јавното Обвинителство на Република Македонија е должно да предаде кој било предмет по кој постапува, ЗА Специјалниот Јавен Обвинител да одлучи дали предметот спаѓа во негова надлежност?! Која апсурдност!

Со Законов, Специјалниот Јавен Обвинител самиот одлучува дали некој предмет спаѓа во негова надлежност, дали ќе го преземе или по него ќе постапува, во било која фаза од постапката, во истражна и судска, со што врши директна суспензија на Јавното Обвинителство на Република Македонија како единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични и други со закон утврдени казниви дела. Дури не постои надлежен орган кој решава при судир на надлежности меѓу двете јавни обвинителства.

Со Законот се врши повреда на еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите, бидејќи се отвара можност некој да може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден или за кое е донесена правосилна судска одлука, поради судир на надлежности меѓу Јавното обвинителство на Република Македонија и Специјалното Јавно Обвинителство.

Со Законот се суспендира правото на граѓаните за достапност до секое работно место под еднакви услови, бидејќи изборот на Специјалниот Јавен Обвинител се врши без објава на оглас а на предлог на четири партии, во ист ден, кога е донесен законот со кој се востановува институцијата Специјален Јавен Обвинител.

Со Законот, таканареченото бадентерово мнозинство се проширува при номинацијата на кандидатот за Специјален Јавен Обвинител во Собранието, неуставно се воведува дури и при одлучувањето во Советот на јавни обвинители при изборот, престанувањето на функцијата и разрешувањето на Специјалниот Јавен Обвинител. Според членот 69 од Уставот, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија (таканареченото бадентерово мнозинство), само за законите кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите. Овој Закон за Специјалниот Јавен Обвинител не спаѓа во тој режим на одлучување во Собранието, а воопшто пак во Советот на јавни обвинители!

Поради сето ова осно

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.