Петров: Циркузот странци да ни составуваат Влада, мора да заврши, еднаш и засекогаш!

вано е барањето Законот да биде поништен. Не укинат, туку поништен, како воопшто и да не постоел!

Тој нема да ја повлече иницијатвата, како што претходно најави адвокатот Томе Тодоровски од Свети Николе, кој исто така поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот.

Се разбира, не помислувам да ја повлечам иницијативата. Не сум потписник на Договорот од Пржино и тој не ме обврзува, ниту сум адвокат или апологет на власта или опозицијата. Моето мислење си го кажав на изборите како и сите Македонци, граѓаните на Македонија. Го користам моето уставно гарантирано граѓанско право на заштита на уставноста, а обврска е на Уставниот суд да донесе решение по иницијативата. Еве можност да покаже независност и да ја одбрани честа и достоинството на професијата и на Републиката, вели Петров.