Македонија,Економија

Петров: Либерализацијата на пазарот со струја, стартуваше успешно

Петров: Либерализацијата на пазарот со струја, стартуваше успешно

Регулаторна комисија за енергетика објави дека сите приватни компании 222 согласно законот и пазарните правила излегоа на слободен пазар и имаа можност да купат електрична енергија и да се одлучат за избор на сопствен снабдувач.

„Направивме ревизија на подзаконските акти, направивме целокупна подготовка и од технички и правна рамка за пазарот со либерализација на струјата да профункционира како што е предвидено со закон.Целокупниот процес го цениме како могу позитивен, посебно за оние компании кои излегоа и потпишаа договори. Со компаниите одржавме десетина работилници.Ги поканивме јавните претпријатија за да им ја појасниме правната рамка за начинот на кој да учествуваат и да го потпишат крајниот договор за снабдување со електрична енергија,“ изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров.

Сите приватни компании потпишаа договор за снабдување што е многу позитивно, регистрирани се за учесници на пазарот. Од 1 јануари има комплетна размена на податоци на балансно одговорните страни што е соодветна на нивните претходно потпишани договори помеѓу операторот на пазарот, дистрибутивните оператори и ЕЛЕМ енергетика. На тој начин потрошувачите ќе можат правилно да ги планираат  потребите од електрична енергија и да ги намалат трошоците за евентуалните дебаланси кои ќе следат.

„Од 1 до 15 мај ќе се имаат и првите резултати во однос на овој нов систем, при што се има часовно балансирање, номинирање на потребите од електрична енергија а со тоа и отстапување.Покрај правилата, донесовме тарифен систем за пренос на електрична енергија за дистрибуција на електрична енергија,тарифен систем за продажба на електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи, издадовме две лиценци за снабдувач во краен случај и шест лиценци за снабдувачи на слободен пазар.Од шест издадени лиценци, пет се активни на пазарот.Најголем дел од компаниите останаа во ЕВН Снабдување, а добар дел отидоа кај вториот ЕДЦ и по три компании имаат останатите снабдувачи,“ изјави Петров.

Реална и вистинска либерализација има од 45 до 50 отсто на пазарот , јавните претпријатија поради специфичноста на законот за јавни набавки треба да се приклучат до 1 јули.Од 1 јануари 2015 на пазарот за либерализација  на струјата ќе се приклучат и домаќинствата и малите потрошувачи за кои оваа либерализација нема да значи поевтинување на струјата, но нема да има големи отстапки и од сегашната цена.

„Тарифите за дистрибутивните компании по напонски нивоа се пониски од 38 до 73 отсто. Набавката на електрична енергија во овој период беше со пониски цени со оглед на тоа што берзанските цени се пониски. Бенефитот кој компаниите ќе го имаат е голем,  единствен дополнителен трошок ќе биде плаќањето на дебалансите.Но имаат можност и платформа да го намалат, со тоа што се вклучуваат во балансни групи и балансно одговорната страна доставува номинации и во мерењат на крајот на месецот ќе ги плаќа дебалансите на целата група,“ потенцираше Петров.