Петров: Невозможно е да се протнат луѓе да гласаат во туѓо име

Андреј Петров од СДСМ, кој беше прв секретар на партијата и директно раководеше повеќе изборни циклуси, на дебатата на Телма ТВ ја кажа вистината, односно дека невозможни се тврдењата на СДСМ дека луѓе се протнувале во изборниот процес и гласале во нечии други имиња, особено што во избирачките одбори има и луѓе од СДСМ и од останати партии кои го контролираат процесот.

– Беше внесено, на наше барање тогаш, повторно едно решение кај што влегоа луѓе од политичките партии и покрај тоа што експертската јавност и дел од странците мислеа дека е многу по демократично решение, но за Шведска или на некоја од овие земји кои што се понапредни, каде што ќе има само администрација внатре. Заради кредибилноста на избирачкиот процес, ние баравме да имаме контролори. Јас искрено не верувам дека е возможно на некој наш контролор да му се протнат на некое гласачко место 100 луѓе кои не ги познава и да му заокружат, истакна Петров.

Со ова Анреј Петров директно го демантираше Заев дека може некој да го наруши изборниот процес на тој начин.